gore

Дизајн трендови за 2018-та (прв дел)

31-01-2018By Bojan Senkovski

Дизајн трендови за 2018-та (прв дел)

1. Полу-флет (Semi flat) или дизајни со повеќе длабочина

Ќе си почнам од омиленото. Сенките официјално се пак во мода. Овој тренд започна некаде кон средината на 2017-та и моментално се повеќе и повеќе се користи. Најчесто го гледам кај технички дизајни (UX/ UI) или кај спортски брендови, како Nike и Under Armour. Ова укажува дека на дизајнерите најверојатно им здосади екстремен минимализам па сакаат да воведат мала доза на реализам на своите креативи. Сенките се мали, нежни, понекогаш во боја и суптилно додаваат длабочина на дизајнот.

2. 3Д

Ова е тренд во кој ние (Македонија и регионот) сигурно ќе заостануваме, но тоа не е причина да не зборуваме за него. Не сум сигурен дали има некој бренд или агенција која може да си дозволи секојдневно да користи 3Д артист за потребите на брендот и клиентите. Како и да е, 3Д е во полн замав и нема да запре во блиска иднина.

Малку надеж дека ваквиот пристап може да стане попопуларен ни даваат веб страниците за stock материјали кои нудат и веќе изработени 3Д модели.

3. Храбри бои + градиенти од истите

Под број 3 би ставил два тренда кои се надоврзуваат еден на друг. Прво, еден од главните трендови кој владее моментално се храбри, дречливи, до крајот на RGB палетата бои. Најчесто ќе се видат сината, розевата, виолетовата и црвената боја.
А кога имаш избор од повеќе бои зошто не би ги измешал една со друга? Затоа, тука го ставам и другиот тренд - градиенти со храбри бои. Ќе ги има се повеќе и повеќе и би сакал што повеќе брендови кај нас да се насочат кон вакви дизајни.

4. Палети и линии инспирирани од 80-те и 90-те

Зошто баш 80-ти и 90-ти? Најверојатно зошто сите ние што растевме во овие две декади сме сега на повлијателни позиции и можеме нашите идеи и стилови да ги изразуваме послободно. Сѐ се врзува емотивно на носталгија и на оние дизајни кои ни останале во сеќавање од детството. Трендот ќе се карактеризира со апстрактни геометриски објекти и пастелни бои.
Прво што ми паѓа на памет за референца е логото на Зимските олимписки игри во Сараево 1984 година.

5. Duotones

Duotones е стара техника, но кога традиционалниот комплициран процес на добивање на овој ефект е сведен на еден клик на фотошоп, а Spotify упорно го искористува паметно и креативно, беше само прашање на време кога сите ќе станеме дел од тој тренд.

Лимитирај ја твојата палета и не се плаши од големи болдирани наслови.

RELATED ARTICLES IN