gore

За нас

Ние сме дигитална маркетинг агенција со фокус на создавање на иновативни дизајни, на технолошки напредни веб страници и на уникатна дигитална комуникација низ сите канали.

desno

Дигитална трансформација Процес

1

Истражување и анализа

Сите добри приказни почнуваат со шолја кафе (ОК, понекогаш делува и нешто посилно, но чекор по чекор луѓе, ве молам!) и состанок да се запознаеме подобро. Од тој состанок добиваме идеја за клучните точки на вашиот бизнис, ги поставуваме вистинските прашања и работиме заедно со цел да ја усогласиме стратегијата на компанијата во однос на целите, временските рокови и буџетите. Потоа, нашиот посветен тим го прави она што го прави најдобро и спроведува целосна ревизија и проценка на вашите дигитални маркетинг канали, идентификувајќи ја вашата целна публика и идеалниот купувач, споредувајќи ја вашата маркетинг стратегија со оние компании кои се лидери на пазарот во вашата индустрија.

2

Стратегија и планирање

По комплетирањето на првиот чекор од процеост на дигитална трансформација, се впуштаме во изработка на сеопфатна стратегија со цел да го испорачаме планот за постигнување на она што вам ви е потребно. Започнуваме со изработка на комуникациска стратегија која што ќе ѝ даде соодветен глас на вашата компанија, ќе ја истакне вашата корпоративна култура и ќе ја сподели приказната за луѓето кои ја сочинуваат вашата организација. Ние се стремиме кон создавање на уникатен дизајн, создаден од нула или како наша преработка на корпоративниот брендинг одејќи во детали со стратегијата за содржини, преку канали и платформи кои ќе ви помогнат вашата компанија да расте.

3

Дизајн и развој

По одобрувањето на стратегијата, преминуваме на создавање на совршено веб-решение за вашиот бизнис со одредување на изгледот и чувството за корисничкото искуство и корисничкото патување, правејќи магија во креирање чист и функционален дизајн. Овој чекор го заокружуваме со развивање и тестирање на вашата веб-страница, како и подготовка за понатамошен развој и активности во областа на дигиталниот маркетинг .

4

Маркетинг и рекламирање

Сега кога ја имате најдобрата веб-страница во вашата индустрија, време е да изградите целосно функционален и самоодржлив дигитален еко-систем околу неа. Нашите специјалисти за дигитален маркетинг и акаунт менаџери ќе ви помогнат да спроведете сеопфатна маркетинг стратегија со акцент на социјалните медиуми, SEO оптимизација (onsite and offsite), односи со јавноста и контекстуален маркетинг, њузлетер кампањи и напредно рекламирање на најпопуларните платформи (Google Ads, Facebook и Instagram, LinkedIn, итн.). Нашиот тим ќе ви помогне да го зголемите повратот на инвестицијата со користење на паметни техники за ремаркетинг.

5

Извештаи и подобрување

Извештаите секогаш се прават на најтранспарентен можен начин со нагласување на позитивните и негативните трендови во нашите дигитални активности. Со метод на итерација (обиди и грешки) ги идентификуваме болните точки и ги подобруваме начините за нивно решавање, истовремено давајќи ви сила за да ги испорачате резултатите што ви се потребни за развивање на бизнисот. Во соработка со нашите клиенти, секогаш бараме нова стратегија, технологија и начини кои се во согласност со современите трендови, со цел да ви помогнеме да бидете лидери во индустријата, затоа што вашите клиенти/потрошувачи тоа го заслужуваат.

Услуги

Без разлика во која фаза сте во процесот на дигитална трансформација, Piksel LTD може да ви помогне да ги достигнете вашите цели и да испорачате резултати. Нашиот тим на високо квалификувани веб девелопер, дизајнери, копирајтери, специјалисти за маркетинг и консултанти, ќе ве води низ дигиталниот свет со цел да создадете идеална стратегија прилагодена на потребите на вашата компанија.

КРЕАТИВНОСТ

Нашиот посветен тим на дизајнери ќе ви помогне во реализацијата на сите ваши потреби поврзани со дизајн. Знаеме дека повеќето наши партнери им веруваат на луѓето кои можат да ја споделат својата визија, па затоа нашиот тим за дизајн може да оди и понатаму, така што освен дигитална може да понуди и комплетна услуга, започнувајќи со лого и брендирање, преку печатени материјали, веб-дизајн и дигитални алатки. Накратко, креативноста е нашето средно име.

Веб дизајн (UX/UI)

Графички дизајн

Брендинг

Фотографија и видео

Копирајтинг

РАЗВОЈ

Потребен ви е софтвер развиен наменски за да ги постигнете вашите дигитални цели? Не барајте повеќе! Ние започнуваме со анализирање на она што го имате и ви го испорачуваме најоптималното решение. Нашиот девелопмент оддел може да се справи дури и со најголемите и најсложените проекти, така што сè што треба да направите е да седите и да уживате во целиот процес.

Back-end development

Front-end development

Развој на апликации

Развој на софтвер

ПОСЕТИ

Имате проблеми да донесете нови посетители на вашата веб-страница или страница за е-трговија? Токму затоа сме ние тука! Нашиот тим од експерти ќе ги анализира вашите деловни активности и вашите конкуренти и ќе ви обезбеди најоптимални канали кои ќе го донесат вистинскиот сообраќај преку вистинските продажни канали/активности.

Google Analytics

Google Tag Manager

Google Ads (Keywords,
GDN, Youtube)

Google Remarketing

Google My Business

SEO (Onsite and Offsite)

СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

Не е лесна задача да се чуе вашиот глас на социјалните медиуми, но знаете што? Предизвикот е прифатен! Во Piksel LTD ги разбираме социјалните медиуми подобро од било кој. Како мислите дека стигнавте до нашата веб-страница? Случајност? Не би рекле! Само дајте ни шанса и очекувајте чуда. Всушност, ние ќе создадеме вистинска стратегија и ќе ја спроведеме како професионалци, па наречете го тоа „чудо“.

Водење и менаџирање на социјални медиуми

Креирање на уникатни содржини

Маркетинг на социјални медиуми

Водење рекламни кампањи на Facebook и Instagram

Водење рекламни кампањи на LinkedIn

Комјунити менаџмент

Совети и поддршка

Мислите дека ги имате сите потребни елементи и можете сè да направите сами? Ок. Но, можеби треба да земете предвид дека иако имате врвен тим за дигитален маркетинг, дополнителен пар очи можеби е клучот за премин од добро на неверојатно. Избегнете го т.н. tunnel vision и дозволете ни да ви помогнеме да го развивате вашиот бизнис со тоа што ќе ви дадеме стручни мислења и идеи кои можеби ви недостасуваат.

Стратегија за раст и развој на вашата веб страница

Анализа и стратегии за развој на вашата дигитална стратегија

Маркетинг кампањи

Не знаете каква услуга ви треба?

Ние сме тука за вас

Контактирај нѐ

Клиенти

ВИДИ ПОРTФОЛИО

Контакт

НИЕ СМЕ ТУКА ЗА ВАС



location

ОДВЕДИ МЕ ДО ПИКСЕЛ