gore

Пиксел во 2018-та

25-12-2018By Enes Karakash

Пиксел во 2018-та

Декември по некое непишано правило е месец на осврти, на анализи и прегледи на се' она што се случувало во годината која изминува. Нешто на што не сме „имуни“ ни ние како агенција :)

2018-та за Пиксел беше нов исчекор напред, од соработки со нови домашни и странски клиенти, нови кампањи, познати лица со кои соработувавме и кои ни беа на гости, до една плакета и признание со кои на најдобар можен начин ни привршува оваа година.

Но, најпрво, оваа прилика ја користиме да ги поздравиме сите нови „пиксели“ кои во 2018-та станаа дел од нашата приказна, и за кои е резервиран првиот визуелен приказ во овој текст.

Воис, Стеф, Кире, Кирил, Александар, Јосип и Мики (ќе те ставиме и тебе), ова е за вас.

  

A сега, за нешто што новите дечки погоре, како и остатокот од тимот го работеа во 2018-та. Да почнеме со поголемите веб проекти, меѓу кои се издвојуваат сосема новите веб страници за двете најголеми приватни здравствени установи во Македонија – Аџибадем Систина и Жан Митрев.

Инспирирани од модерните дизајн и девелопмент трендови, но и од желбите и замислите на клиентот, стигнавме до конечните продукти кои на двете установи им дадоа сосема нов лик кога се нивните веб страници во прашање. Акцентот беше ставен на поедноставување на искуството за секој посетител, но и креирање на уникатни решенија за секој клиент поединечно.

Конечните продукти изгледаат вака 😊

На тема веб дизајн и девелопмент, а нешто што ни претставуваше особено задоволство оваа година, беше почетокот на една оригинална платформа наменета за сите млади таленти и потенцијали во различни области – Клубот на таленти на Охридска банка Сосиете Женерал. Се почна со целосно новата веб страница, продолжи со почесното членство во Клубот за 12-годишниот Марко Пејчиновски, кој за помалку од девет часа го преплива Охридското Езеро,  а заврши со големото финале во Македонска Филхармонија и стипендиите за екстра-талентираните Арда Мустафаоглу и Наоми Георгиевска.

Кампањата за првиот во низата планирани конкурси се одвиваше на социјалните медиуми и беше насочена кон привлекување на талентирани инструменталисти кои до сега немале доволно шанси да се експонираат и да го покажат својот талент пред пошироката јавност.


Кога се веб/друштвени мрежи кросоверите во прашање, уште еден проект оваа 2018-та ни се приврза за срце. Тоа е новата веб страница за СОС Детско село и креирањето на уникатна визуелна комуникација на друштвените мрежи за овој клиент.

Летото во светски рамки помина во знакот на Светското првенство во фудбал кое се одржа во Русија, и на кое Франција се врати на светскиот трон, со Хрватите во улогата на главно изненадување. На друштвените мрежи кога се нашите клиенти во прашање Мундијалот помина во знакот на Бимилк, со повеќе содржини инспирирани од домаќинот на СП 2018 😊


На тема вкусни рецепти, во 2018-та се дружевме и со дечките од Fat Kitchen, кои со Битолска павлака и Баланс+ создадоа неколку оригинални специјалитети.

И да, ни дојдоа и на гости во Пиксел, изненадувајќи не со еден петочки brunch 😊

Да не остане само на домашни гости, во 2018-та имавме и гостин од странство. Поточно, од Велика Британија, иако доколку се погледнат неговите објави оваа година на ФБ и Инстаграм, човек ќе види дека тој покрај Лондон ги прошета и Мајами, Њујорк, Барбадос, Истанбул, Париз, Рим и Амстердам, со финиш на таа светска турнеја во Скопје и Охрид.

И да, сите фотосесии, снимања и организација на комбинации кои ги носеше со себе беа дел од нашето портфолио на активности за Пол Коли, кој во Македонија, меѓу другите, соработуваше и со Лила Филиповска.  

По турнејата со Пол на ред дојде почетокот на уште едно ново Пиксел дружење, овој пат со омиленото наше место за вежбање и релаксација во Скопје, Synergy Fitness Energy and Spa.

А на тема дружби, најголемата во 2018-та се случи во октомври  кога Пиксел тимот на еден викенд направи тим билдинг тејковер на Берово и околината. Доволна инспирација за второто продолжение на Mysteries of Agency Life, по она првото со мистериозниот патник низ времето.

Годинава шетавме и „службено“. И тоа доста шетавме, од Софија и Виена, до Белград и секако, Скопје со неколку настани на кои членови на Пиксел тимот се најдоа во улога на ментори.

Најубавото го оставивме за крај, а тоа е признанието за Претприемач на годината, за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во земјата. Награда која дојде како потврда за сета досегашна напорна работа, но во исто време ни дава и потстрек во ист стил да продолжиме и во 2019-та.

Тоа би било тоа, во кратки црти, за 2018-та во Пиксел.

Се читаме/следиме/лајкаме/срцкаме во исто темпо и во 2019-та 😊

ПС: А да, и мемињата. ПИКСЕЛ МЕМИЊАТА!

Заинтересирани сте за соработка со Пиксел?

Побарајте Понуда
RELATED ARTICLES IN