gore

Кариера

Работи го тоа што го сакаш!

Full Stack Developer / Node.js, React.js
Графички дизајнер
Веб дизајнер

НЕ ЈА ГЛЕДАШ ПОЗИЦИЈАТА СКРОЕНА СПОРЕД ТВОИТЕ КВАЛИТЕТИ?

ПИШИ НИ, ЗАТОА ШТО СЕКОГАШ СМЕ ВО ПОТРАГА ПО ТАЛЕНТИРАНИ ЛУЃЕ!

Контактирај нѐ

Пиксел е брзорастечка компанија со речиси 8 години искуство во светот на дигитална трансформација.

Се фокусираме на развој на веб и софтверски решенија, како и на дигитален маркетинг, градиме успешни тимови на професионалци, создаваме атмосфера на споделување на знаење и промовираме тимска работа.

Нашата визија е на сите кои се дел од Пиксел да им ги овозможиме најдобрите можни основи за личен и професионален развој.

Backend девелопер / Node.js

Имаме потреба од backend Node.js програмер одговорен за управување со размената на податоци помеѓу серверот и корисниците. Вашиот примарен фокус ќе биде развојот на целата логика од страна на серверот, дефинирање и одржување на централната база на податоци и обезбедување високи перформанси и одговорност на барањата од front-end. Исто така ќе бидете одговорни за интегрирање на front-end елементите креирани од колегите со кои би соработувале при развојот на апликацијата. Поради тоа, потребно е и основно разбирање на front-end технологиите.

 

Одговорности

  •  Пишување на код за повеќекратна употреба кој ќе е ефикасен и ќе може да се тестира.
  •  Дизајн и имплементација на апликации со ниска латентност и висока достапност
  •  Имплементација на безбедност и заштита на податоците
  •  Интеграција на решенија за складирање податоци како PostgreSQL, MongoDB, AWS RDS…

 

Вештини и квалификации

  •  Високо познавање на JavaScript.
  •  Познавање на Node.js и достапните frameworks за него, како што е Експрес.
  •  Разбирање на природата на асинхроното програмирање и неговите специфики и решенија
  •  Основно разбирање на front-end технологии, како што се HTML5 и CSS3. React.js се смета за плус.
  •  Корисничка валидација и авторизација помеѓу повеќе системи, сервери и средини.
  •  Интеграција на повеќе извори на податоци и бази на податоци во еден систем.
  •  Разбирање на основните принципи за дизајн зад скалабилна апликација.
  •  Разбирање на разликите помеѓу повеќе платформи за испорака, како што се мобилни наспроти десктоп, и оптимизирање на аутпутот за да одговара на специфичната платформа.
  •  Креирање шеми за бази на податоци што ги претставуваат и поддржуваат деловните процеси.
  •  Имплементација на платформи за автоматско тестирање и единечни тестови.
  •  Разбирање на алатките за верзија на кодови, како што е Git.
  •  AWS девелопмент се смета за плус.