gore

Кариера

Работи го тоа што го сакаш!

НЕ ЈА ГЛЕДАШ ПОЗИЦИЈАТА СКРОЕНА СПОРЕД ТВОИТЕ КВАЛИТЕТИ?

ПИШИ НИ, ЗАТОА ШТО СЕКОГАШ СМЕ ВО ПОТРАГА ПО ТАЛЕНТИРАНИ ЛУЃЕ!

Контактирај нѐ

Пиксел е брзорастечка компанија со речиси 8 години искуство во светот на дигитална трансформација.

Се фокусираме на развој на веб и софтверски решенија, како и на дигитален маркетинг, градиме успешни тимови на професионалци, создаваме атмосфера на споделување на знаење и промовираме тимска работа.

Нашата визија е на сите кои се дел од Пиксел да им ги овозможиме најдобрите можни основи за личен и професионален развој.

Digital Marketing Manager

Идеалниот кандидат ќе управува со портфолио на клиенти на компанијата за да им помогне на клиентите да ги подобрат нивните резултати од маркетинг кампањите. Кандидатот ќе креира дигитални маркетинг стратегии и проекти за да ги задоволи потребите на клиентите и ќе служи како контакт за сите дигитални потреби на клиентите.

Одговорности

  • Да предложува, да креира и да спроведува дигитални проекти за да ги оствари очекуваните резултати
  • Да управува со профилите и страниците на социјалните медиуми на клиентот
  • Да биде контакт за клиенти за сите прашања поврзани со дигитален маркетинг
  • Креирање на извештаи од метрики добиени од онлајн маркетинг активности

Квалификации

  • Најмалку 2 години работно искуство во маркетинг агенција, големи фриленс проекти или како дел од оддел за маркетинг на поголема компанија
  • Диплома во маркетинг или сродни факултети
  • Силно разбирање на онлајн маркетинг алатки
  • Искуство во спроведувањето кампањи за рекламирање на платформите Google Ads и Facebook Ads
  • Подготовка на извештаи и следење на резултатите од кампањи
  • Анализа на пазар и на конкуренција
  • Основни познавања од SEO
  • Пишување ПР статии и блог објави
  • Силни комуникациски вештини
  • Одлично познавање на англиски јазик – пишување и усна комуникација
  • Комуникација и менаџирање со клиенти
  • Тимски играч