gore

Кариера

Работи го тоа што го сакаш!

Backend девелопер / Node.js
Full Stack Developer / Node.js, React.js
Веб дизајнер

НЕ ЈА ГЛЕДАШ ПОЗИЦИЈАТА СКРОЕНА СПОРЕД ТВОИТЕ КВАЛИТЕТИ?

ПИШИ НИ, ЗАТОА ШТО СЕКОГАШ СМЕ ВО ПОТРАГА ПО ТАЛЕНТИРАНИ ЛУЃЕ!

Контактирај нѐ

Пиксел е брзорастечка компанија со речиси 8 години искуство во светот на дигитална трансформација.

Се фокусираме на развој на веб и софтверски решенија, како и на дигитален маркетинг, градиме успешни тимови на професионалци, создаваме атмосфера на споделување на знаење и промовираме тимска работа.

Нашата визија е на сите кои се дел од Пиксел да им ги овозможиме најдобрите можни основи за личен и професионален развој.

Графички дизајнер

Обврски и должности на дизајнерот:

  • Дизајнирање интерактивна интернет содржина, вклучувајќи објави за социјални медиуми, веб банери, итн
  • Давање визуелна насока и имплементација на истата во кампањи, проекти и промотивни настани
  • Задржување на конзистентност во дизајнот и содржината низ сите платформи на социјалните медиуми

Услови за аплицирање на позиција графички дизајнер:

  • Минимум 2 години искуство како графички дизајнер
  • Вешти познавања на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe Premiere (After Effects и сл)
  • Портфолио на претходна работа со дигитален дизајн за да се покаже искуство и креативност
  • Способност за јасно презентирање идеи за дизајн и концепти за кампањи и проекти
  • Тимски играч со исклучителни организациски и технички вештини
  • Познавање од уредување фотографии и кратки анимирани видеа
  • Познавање и искуство во изработка на лого, и брендинг материјали,
  • Изработка на графички решенија за принт постери, билборди, пакувања, флаери итн.
  • Познавање и пратење тековни најдобри практики за дигитален дизајн и техники за производство на веб
  • Добро познавање на принципите на визуелен дизајн.

Исконтактирани ќе бидат само кандидатите кои ќе поминат втората фаза и ќе бидат повикани на интервју.