gore

Пиксел во 2020

14-01-2021By Ema Ristovska

Пиксел во 2020

Очекувано беше во 2020 да добијам за крај на година уште еден таск – годишниот рикеп.  

И каква што беше и годината, такво е и моето завршување на овој таск во истата – it just wasn’t happening. Затоа, еве ме во 2021, со свежа перспектива на тоа што се случуваше во претходните 12 месеци 🙂

Морам да признаам дека уште ми е нереално дека пишувам рикеп за 2020. Уште сум со паметот во март, кога почна целото лудило. Ама ајде да не скокам многу низ тајмлајн, да се вратиме на почетокот.

Како што е редот, годината ја почнавме со нова тура Пиксел мемиња.  

И да, тимот на Пиксел и во една таква година го збогативме со уште Пиксели. Им посакавме добредојде во тимот на Филип – SEO wizard, Ангела – all-round kick a** account manager, Трајко звани Џики – copywriter & #хехенце master, Ивана – office manager/organizational guru и две засилувања од странство, Кејт – pro account handler & content creator и Нејт – all round design & marketing pro. 

А сега, back to work… 

Во 2020 ja започнавме приказната со Тиквеш и Боемски муабети. Нешто што како самопрогласени боеми и љубители на добра, тиквешка ракија и исклучителни вина ни дојде некако и премногу лесно.  

Пред да се случи затворањето по дома, успеавме да организираме настан заедно со EOS Matrix за презентација на нивното истражување „Европски навики за плаќање“ кое EOS го спроведува веќе 12 години по ред. Од таму научивме многу интересни информации, а како најважно нашиот тим го издвојува: 5 steps how to film events!  

На тема настани во живо, од добро познати причини, тоа беше првиот и последниот Пиксел live настан за 2020. 

Во првите месеци од годината, нашиот девелопмент и веб дизајн тим беше прилично зафатен. Комплетно развивме landing page за новиот производ на Бимилк, Битолско свежо млеко со Д3 витамин и развивме една мнooогу заразна игра за освеженото и надоградено портфолио на производи на Бимилк – Битолско со 10 витамини. Месеци подоцна, уште ја играме 😀

Ииии, тука некаде почна кризата со КОВИД-19. Секако, не знаејќи како да се справиме со новата ситуација, го направивме тоа што го знаеме најдобро. Нова тура мемиња, овој пат Quarantine edition, како најефикасен лек во битката со вирусот 🙂

По фазата на мемиња и навикнување на новата ситуација, почнаа вистинските предизвици. 

Да напишам дека лесно се снајдовме и супер ни беше работа од дома, ќе излажам. На почетокот може и звучеше забавно да, еј супер ќе си работиме сите од дома… Но, набрзо почнаа предизвиците во комуникација во тимот. Да најдеме начин да комуницираме и да бидеме up-to-date со сите нови барања од клиентите, а во исто време да научиме да функционираме во свет во кој не можеш да се видиш со најблиските, мораш да седиш дома и мораш да ја дезинфицираш сееекоја онлајн нарачка не беше лесно.  

Тука имаше многу состаноци, многу повици, многу кинење живци (нерви)… Нешто што како тим ни требаше време да го надминеме, но со ваков Пиксел тим, мислам дека сѐ може да се надмине 🙂

Откако тимски ја зацврстивме комуникацијата и најдовме начин на функционирање во новото „нормално“, предизвикот беше истото да го направиме и со клиентите. Да најдеме начин да бидеме активни и да не застанеме со маркетинг активностите, но да бидеме внимателни со социјалната компонента и да ги имаме на ум сите аспекти од ситуацијата во која се наоѓаме.  

Тема на којашто елаборираше Владимир Ристевски, нашиот CMO, во интервјуто за Бизнис Инфо под наслов Ако имате производ што одговара на кризата не смеете да си дозволите да не се рекламирате“. Одвојте некоја минута да го прочитате, информациите споделени во интервјуто, сѐ уште може да ви бидат од корист. 

Во време на карантин нашиот дизајн тим реши да претстави Пиксел карантинска козметика. И почудни работи се случија за време на карантинот, don’t judge.  

Идејата беше на интересен начин да се надокнадат оние нешта кои најмногу ни недостигаа за време на карантинот. Мирисот на липите во пролет во Скопје, гушките со најдобрите другари и другарки или шмекот на твојата омилена кафана… козметика наменета за одржувањето на здраво тело и здрав дух.
Ѕирнете ја целата колекција на линкот.  

Некаде во мај станавме (пак, самопрогласени) експерти за работа од дома. Дури и цел блог пост напишавме за тоа – прочитај го тука. Како и секој добар пишан збор, имавме критичари. 

Дел од Пиксел тимот, и те како relates 😀  

Знаејќи дека добар дел од бизнисите се во навистина тешка и непредвидлива ситуација, сакавме да дадеме наш мал придонес кон нивните напори за промоција и преживување во свет кој многу брзо се дигитализираше. За таа цел направивме е-книга со практични совети за преживување на вашиот бизнис. Бесплатната е-книга сѐ уште може да ја преземете на следниот линк

Ова беше и добар период да се свртиме кон себе, и да ги прашаме нашите клиенти што мислат за нас. Како и секој дигиталец во 2020, решивме убавите зборови да ги ставиме на социјалните мрежи. Да, на сите социјални мрежи!

Благодарни сме што имаме вакви соработници и уште позадоволни кога може на нашиот вложен труд да добиеме вакви коментари.

За да бидеме во тек со сите случувања и трендови, се одржаа Пиксел избори во кои Go-green тимот ја однесе победата.  

Нормално, во време на засилени ефекти од кризата која ја предизвика Ковид 19, потребно беше да се посвети поголемио внимание на превенција за да се заштити јавното здравје.

Затоа, со Охридска банка вложивме напори за да поттикнеме дигитални навики кај населението, како на пример користење на бесконтактни платежни картички за брзи плаќања и избегнувања редици, како и користење на веб-страница, мобилно и електронско банкарство како производи кои нудат комплетен сет на банкарски услуги.

На старот на новата училишна година, сакавме и ние да се пофалиме со нешто ново. Комплетен дизајн и развој на веб страницата на Skopje East Gate – првиот проект од својот вид во земјата, кој инкорпорира трговски центар, резиденцијален комплекс и деловен парк, со цел да воведе нови и современи стандарди на урбано живеење.

https://eastgate.mk/

Бидејќи се приближивме кон крајот на годината, истата би ја сумирала преку нашата работа и тоа би изгледало вака: 

Ја почнавме годината како што треба, со здравица со најблиските со најдобрите македонски вина на Тиквеш.  

Го јакневме имунитетот со Битолско млеко со 10 витамини, се разладувавме со Битолски сладолед со 10 витамини, а уживавме во моменти со најмалите со Битолско чоколадно млеко

Се едуциравме и кревавме свест за КОВИД-19 и мерките за заштита заедно со Roche Македонија

Заедно со InPlayer светот на онлајн стриминг услугите ги донесовме до сѐ поголем број на луѓе низ целиот свет. 

Со Taskforce успеавме да докажеме дека „Македонска вредност“ има свое посебно значење, да го доближиме нивниот тим до светот и ги прославиме сите нивни успеси.  

Во периодот на карантин ја зачестивме дружбата со вината на Тиквеш. Очекувано. 🙂

Почнавме сериозно да размислуваме за иднината кога ја започнавме дружбата со Сава пензиско друштво и Сава Осигурување.  
 
Со Сава Осигурување се грижевме вашите миленичиња да бидат секогаш осигурани со Пет вет, а со Сава пензиско друштво лансиравме микро-блог за никогаш да не бидете сами и се трудевме од вас да направиме Штедачи со план! 

Продолживме да креираме здрави навики со Баланс Плус Имуно и Баланс плус оброците

Се смеевме и игравме со Охо продукција и нивните Преспав и 5+ фамилија.

Крајот на годината некако се поврза и со почетокот на грејната сезона, па така успешната приказна со Aircon доведе до супер промоција и истакнување на тоа зошто Aircon се #1 на пазарот во Македонија и глобално. 

Како што привршуваше годината, така и  тимот кој неуморно работеше на креирање нова веб страница за CityFashion заврши со последните подготовки кои беа потребни за успешно лансирање на целосно нов, онлајн веб шоп кој на едно место ги спојува некои од најпознатите светски брендови.  

https://cityfashion.mk/

Со постигнатите резултати, во навистина краток временски рок, се покажа дека иако голем дел од времето изминатава година го поминувавме дома, сепак не можеме да одолееме на уникатни парчиња облека. Особено кога тие можат да ни стигнат на домашна адреса. И секако, стилот не може, и не смее да трпи 😉


Но, тоа не е сѐ. Самиот крај од 2020 ни донесе и една општествено одговорна кампања, изработена заедно со European Business Association, за промоција на Циркуларната економија, нејзината важност и важноста од рециклирање и реискористување – нешто што ние како тим се трудиме да го направиме и во нашите канцеларии.

Дел од предизвиците останаа во 2020, со дел од нив остануваме во 2021. Нешто што сум сигурна дека нема да биде лесно, но самото по себе е предизвик кој нашиот тим верувам дека ќе го надмине. 

А, во 2021 се надевам дека ќе ги оставиме и нашите #FirstWorldZoomProblems зад нас 😀

Заинтересирани сте за соработка со Пиксел?

Побарајте понуда
ПОВРЗАНИ СТАТИИ ВО Социјални мрежи