Политика на приватност

Политиката на приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Пиксел ДОО ги прибира, обработува и употребува податоците добиени со посета на веб страницата, како и преку доброволно пополнување на соодветните форми кои постојат на веб страницата.

Информации кои се прибираат кога ќе се посети веб-страницата

Информации кои сте ги оставиле преку доброволно пополнување на формите кои постојат на веб страницата на Пиксел и тоа податоци како што се: Вашето Име и Презиме, Вашата адреса, адресата на Вашата електронска пошта, телефонски број, CV и сл.

Секојпат кога ја прегледувате веб-локацијата www.piksel.mk, со сите нејзини подстраници и поддомени, нашите системи автоматски запишуваат одредена информација во врска со вашата посета од компјутерот којшто го користите за да пристапите до нашата локација.

Оваа информација не ве идентификувa Вас лично. Само ни кажува колку посетители доаѓаат на нашата локација и типот на средство што го користат. Со оваа информација, ние можеме да ја подобриме нашата локација за сите посетители и да ја направиме покорисна за вас. Одве спаѓаат датумот и времето кога сте пристапиле на нашата локација, колку пати и кои страници ги посетувате за време на една „сесија“ на нашата локација и колку долго сте биле на локацијата. Вашето интернет име на домен (ова може да биде вашиот давател на интернет-услуги како или вашето работно место) и IP адресата (ова е број што е доделен на вашиот електронски уред секој пат кога сурфате на мрежата) што ви овозможуваат да пристапите на нашата веб-локација. Интернет-прегледувачот што го користите (на пр. Mozilla Firefox или Opera) и оперативниот систем на вашиот компјутер (на пр. Windows 10). Локацијата на која што сте биле пред да се поврзете со piksel.mk (на пр. Bing ако сте нѐ нашле преку пребарувач).

Политика на колачиња (cookies)

Пиксел користи т.н. “cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на електронскиот уред на корисникот од страна на мрежниот сервер. “Cookies” не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до електронскиот уред на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на т.н. “сookies” е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време. Колачињата им овозможуваат на веб-страниците да формираат профил за корисникот врз основа на податоците што ги има дадено претходно, најчесто за рекламни цели.

Заштита на доверливите информации и податоци

Пиксел нема да ги објави личните податоци пред ниту една страна. Пиксел може да ги обезбеди личните податоци само во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судски наредби или други правни или регулативни потреби.

Пиксел ги превзема сите потребни организациски, административни, технички и физички мерки за заштита на вашите лични податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, нивна објава, промена или уништување. Пиксел ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други важечки прописи на Република Македонија.

Прифаќање на условите

Со користењето на оваа веб-страница се согласувате, односно ги прифаќате одредбите од оваа Политиката за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, Ве молиме да не ја користете веб-страницата.

Промени во политиката за приватност

Пиксел може периодично да ја ажурира Политиката на приватност и за тоа навремено ќе се објави информација на нашата веб страна. Со Ваш пристап на нашата веб страницата Вие давате согласност дека сте ги прочитале и разбрале и дека ги прифаќате условите од оваа Политиката на приватност.

Контакт

Ако имате какви било прашања во врска оваа Политика на приватност за заштита на личните податоци, слободно контактирајте нè на contact@piksel.mk