gore

Piksel Cosmetics

По повод нашиот седми роденден лансиравме козметичка линија под името Piksel Cosmetics. Нашата линија е тука да ги замени сите работи кои најмногу ти фалат за време на карантинот. Без разлика дали е мирисот на пролет, гушкањето со твојот најдобар пријател или мирисот на твојата омилена кафана, Piksel Cosmetics е тука да ти помогне во негата на твојот ум и тело.

Бимилк

Со повеќе од 65 години искуство Млекара АД Битола е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија.

Тиквеш

Основана во 1885-та година, Винарија Тиквеш е предводник во македонската винска индустрија, како и најстарата и најголемата винарница во регионот.

Комбинирајќи ги придобивките од уникатното поднебје и идеалните услови за производство на грозје со иновативниот начин на размислување, долгата традиција и специфичната винска култура, Тиквеш создава светски признаени македонски вина со автентичен карактер со долгогодишно меѓународно и локално искуство и соработува со Филип Камби, еден од најпознатите и најдобрите вински консултанти во светот.

Охридска банка

Охридска банка АД Скопје е универзална банкарска институција со широк спектар на банкарски услуги во земјата и во странство.
Од 2019 година, Охридска банка АД Скопје е дел од Шпаркасе групацијата. “Steiermärkische Sparkasse Group“ е најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија.
Групата опслужува околу 700 000 клиенти на 233 локации во Стирија, Австрија, и во Југоисточна Европа.

Cineplexx

„Cineplexx“ киното со својата најсовремена дигитална опрема овозможува исклучително уживање во филмските остварувања преку својот висок квалитет на слика, звук и 3D технологија во салите во Скопје. Cineplexx Mk е дел австриска кино групација со преку четири децении искуство во оваа област

Balans+

Balans+ е првиот пробиотски ферментиран производ на Македонскиот пазар. Овој пробиотски јогурт е одличен функционален и хранлив производ што на вкусен начин Ви помага во динамичното секојдневие.

СОС Детско село

Почнувајќи од 2001 година, СОС Детско село Македонија веќе 17 години е посветено на грижа и поддршка на децата и младите без родителска грижа.

Жито маркети

Од отворањето на првиот С.Т.Д. во Велес, во далечната 1988 година, па се’ до денес Жито маркети стигнаа до бројката од над 50 супермаркети распределени на територијата на цела Македонија.