gore

Што може да направи една жена за 24 часа?

12-03-2020By Piksel

Што може да направи една жена за 24 часа?

Кој повеќе, кој помалку, но сите ние имаме обрски во животот, како и активности со кои сакаме да си го исполниме денот. 


Повеќето можеби мислат дека во денешно време жената е доволно вклучена во многу области и донесување на одлуки на своето работно место. Она што е неизоставна нишка во се што правиме како жени е љубовта која ја внесуваме во секоја своја активност, хоби, обврска…

Токму со жената и нејзиното динамично секојдневие како инспирација ја креиравме кампањата „Јас сум жена“ со која сакавме да покажеме дека жената е вистински суперхерој. Таа е успешна во секој аспект од приватниот и професионалниот живот и е повеќе од професионалец.  Таа е и мајка, жена, сестра, ќерка, спортист, креативец, инспиративен лидер и се што можете да замислите.

Грижата и емпатијата се само едни од карактеристиките на силните жени, а според добиените одговори од нашите драги жени заклучивме дека тие, не само што практикуваат активен живот и се мотивираат самите себеси, туку се и вистинска инспирација за луѓето околу себе.

На крајот на денот жената е секогаш победник, во било кое поле. Затоа жени, само напред! 🙂

Заинтересирани сте за соработка со Пиксел?

Побарајте понуда
ПОВРЗАНИ СТАТИИ ВО Социјални мрежи